ГАРАНЦИЈА И РЕКЛАМАЦИЈА
Ако производот на malenacosmetics.com.mk има гаранција (издадена од производителот или од увозникот на стоката) таа ќе биде означена на производот заедно со рокот на гаранција. “МИКОМ-98“ одговара за физички недостатоци, за несоодветност на нарачаниот со добиениот производ и други недостатоци, согласно Законот за заштита на потрошувачот.
ГАРАНЦИЈА
Сите права на потрошувачот, кои се однесуваат на делот „гаранција и рекламација“, се подлежни на законот за заштита на потрошувачите. Во случај на физички недостаток или мана на производот настаната во процесот на производство, кој е забележан веднаш по приемот на производот во присуство на доставувачот, ве молиме веднаш обратете се на тел. ++389 (0) 33 270 495. Условите за рекламација на купени производи од “МИКОМ-98“ се опишани подолу. Секој производ, со кој што следува гаранција, се испорачува до клиентот заедно со гарантен лист во кој се напишани:
Адреса и телефон на овластени сервиси за производот;
Гарантните услови на соодветните сервисни центри или производители;
Гарантните услови на соодветните сервисни центри или производители;
Ако констатирате фабрички дефект или неисправност, кој не е поради неправилна употреба, ве молиме да направите рекламација на нашата е-пошта info@malenacosmetics.com.mk Секој случај ке биде разгледан индивидуално. Одговор од нас ќе добиете на вашата е-маил адреса во рок од 24 часа. При оштетување во рамките на гарантниот рок (за производи со гарантен лист издаден од “Миком – 98“), производот се испраќа до канцелариите на “Миком – 98“ на сметка на нашата компанија. Откако ќе се отстрани штетата се враќа на клиентот, на сметка на “Миком – 98“. Враќањето и испраќањето е со фирмата превозник која “Миком – 98“ ја посочува како свој партнер. За сите останати производи, важат гарантните услови на соодветниот производител или овластен сервисен центар. Во сервисните центри важат единствено оригиналните гарантни листови, со кои е добиен производот. Клиентот е должен како совесен граѓанин уредно да ги чува сите документи и амбалажи кои пристигнуваат со производот.
УСЛОВИ ЗА ВРАЌАЊЕ НА КУПЕНИОТ ПРОИЗВОД
Ако поради некоја причина клиентот посочил друг производ од оној кој сакал да го порача, и до самото испраќање на порачката не ја увидел грешката, може да се јави во канцелариите на “Миком – 98“, за да се консултира како ќе се продолжи со испораката. Секој случај се разгледува индивидуално. Трошоците за враќање на производ и испраќање на нов се на сметка на клиентот. Ако новата порачка е поскапа, се доплаќа разликата. Во случај клиентот да сака да врати испратен производ, може да го искористи правото во рок од 7 работни дена од датата на продажбата. Задолжителен услов е купените производи да се без оштетена амбалажа и да не се користени. Производот може да биде вратен во “Миком – 98“ преку доставувачот со кој има склучен договор. Транспортните трошоци се на сметка на клиентот и не се враќаат. Откако вратениот производ ќе се провери од вработените во “Миком – 98“ , вредноста што е платена за производот без транспортните трошоци се враќа на клиентот – лично или на банкарската сметка на клиентот. Секој клиент може да го користи правото производот да му биде заменет со друг производ по избор. Трошоците за враќањето на производите се на сметка на клиентот и не се враќаат. Во случај на враќање на веќе купен производ и зачувување на целоста на амбалажата, “Миком – 98“ ја враќа сумата на вредноста на производот. Сите трошоци, кои клиентот ги направил за добивањето и враќањето на производот, се на негова сметка.
ОТКАЖУВАЊЕ НА НАРАЧКА
Клиентот има право да ја откаже нарачката на производ при еден од овие услови:
Испратениот производ не е соодветен на порачаниот производ, и тоа може да се установи преку обична проверка.
Цената, која клиентот се согласил да ја плати, не соодветствува на цената која ја должи.
При несоодветност на купениот производ и испратениот производ, која не било возможно да се установи во моментот на испорака, клиентот може да бара испорачаниот производ да биде заменет со производот кој го порачал во рок од 24 часа од добивањето на пратката.
Клиентот има право, без да плаќа оштета, да се откаже од добиениот производ во рок од 7 работни денови, од денот на добивањето на пратката. Во тој случај клиентот треба да го врати производот во оригиналната амбалажа, со ненарушена целосност и некористен. При неисполнување на овие услови “Миком – 98“ го задржува правото да не го прима вратениот производ и соодветно да не ги исплати направените трошоци за купување од страна на клиентот.
Во случај на откажување на веќе купен производ и исполнување на условите за целосност на амбалажата, “Миком – 98“ ја враќа сумата на вредноста на производот. Сите трошоци, кои клиентот ги направил за добивање на производот и неговото враќање, се на негова сметка.
Ако трето лице се ангажира да го прими и потврди производот порачан од клиент, кој ја направил и платил нарачката, истото нема право да го врати производот. Во случај на видливо оштетување на пратката во моментот на нејзиното испорачување, третата страна може да го откаже подигнувањето на пратката или да ја земе на своја одговорност. Во случај да прифати таква пратка и не ги изјави своите намери кон таква пратка пред доставувачот, клиентот го губи правото на рекламација.
Политиката за бесплатна достава значи дека “Миком – 98““ ги сноси трошоците за испорака.Оваа политика нема да важи во случај на враќање на пратката од страна на купувачот освен ако враќањето не е поради грешка на malenacosmetics.com.mk
РЕКЛАМАЦИЈА
На рекламација подлежи секој производ кој не одговара на порачаниот производ од клиентот. Клиентот може да ја откажи пратката уште при добивањето од доставувачот и да не ја подигне од него. При очигледно несоодветствување на примената пратка со направената нарачка, веднаш обратете се на тел. ++389 (0) 33 270 495. Несоодветноста се проверува по името на производот во нарачката и името на производот кој што пристигнал кај клиентот. При воочување на таква грешка, клиентот го враќа производот на сметка на “Миком – 98“и му се испраќа точниот производ на сметка на “Миком – 98“.
На рекламација не подлежи производ за кој клиентот бил претходно предупреден за дефект.
При несоодветност на купениот производ и испратениот производ, која не било возможно да се установи во моментот на испорака, клиентот може да бара испорачаниот производ да биде заменет со производот кој го порачал во рок од 24 часа од добивањето на пратката.
Ако при добивањето на нарачката производот е со оштетена или искината амбалажа, рекламацијата ќе биде прифатена само во присуство на доставувачот при самата испорака на производот. Во тој случај веднаш обратете се на тел. ++389 (0) 33 270 495 или не примајте ја пратката од доставувачот.
На рекламација нема право лице кое се појавува како трета страна при добивањето на нарачката и тоа не ја платило нарачката.
ВРШЕЊЕ НА РЕКЛАМАЦИИ
Рекламации се вршат по следниов редослед:
Пополнување на формулар за рекламација со детално опишување на причините за рекламацијата. Формуларот е за производи кои немаат гарантен рок од производителот. Се пополнува само во случаите кога клиентот сака да ги заштити своите права и да го запази рокот од 7 работни денови од пристигнувањето на нарачката.
Откако “Миком – 98“ ќе го добие формуларот, ќе испрати одговор на електронската пошта што клиентот ја посочил при купувањето. “Миком – 98“ има право да не ја прифати констатацијата на клиентот ако процени дека рекламацијата е неоснована или штетата е настаната поради неправилна употреба на производот.
Во случај кога од добиениот формулар не е јасно кои се причините за конкретната рекламација, “Миком – 98“го информира клиентот за неговите права по телефон или е-пошта.
За секој производ вратен со рекламација, се извршува проверка од комисија, која го вклучува увозникот или производителот на производот (и присуство на клиентот, ако тоа е негова желба), по која се одлучува дали рекламацијата ќе се прифати или отфрли..
Доколку рекламацијата биде прифатена, “Миком – 98“ го известува клиентот по телефон или е-пошта и има обврска да:
испрати на клиентот нов производ од истиот вид на сопствена сметка;
во случај кога не може да биде доставен ист таков производ, се предлагаат варијанти на производи со иста вредност кои клиентот може да ги избере;
во случај кога не може да се предложи ист или сличен производ, “Миком – 98“ ја враќа сумата платена за тој производ.
Доколку пријавената рекламација не биде прифатена од страна на комисијата, “Миком – 98“ го известува клиентот за ситуацијата преку телефон или е-пошта. Рекламираниот производ се враќа на клиентот по начин на кој му одговара, при што трошоците за транспорт се на сметка на клиентот.
Ако во 30 дневен рок по известувањето на комисијата, клиентот не го побара производот назад, “Миком – 98“има право да го задржи производот и не должи никакви суми, како за вредноста на производот, така и за направените трошоци за нивниот транспорт..
Со читањето на овие услови, а потоа и со користењето на услугите на “Миком – 98“, вие како клиент безусловно се согласувате со нив. Како што “Миком – 98“ константно се подобрува и адаптира, горенаведената политика за гаранција и рекламација е подлежна на промени. Доколку има некои измени или додавања на оваа полиса, измените ќе бидат поставени тука или во друга форма и ќе бидат подлежни на ваша ревизија.
МИКОМ – 98