ОПШТИ УСЛОВИ
ЗА ПРИСТАП И КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ НА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО ПОВРЗАНИ СО ЕЛЕКТРОНСКАТА ТРГОВИЈА НА СТРАНАТА НА MALENACOSMETICS.COM.MK.
ЧЛЕН 1 ОСПЕГ НА ПРИМЕНА
Овие Општи услови го регулираат односот помеѓу “Миком-98“ Кочани со седиште на адреса ул. Индустриска Зона, 2300 Кочани, Македонија Кочани како давател на услуги на информатичкото општество поврзани со продажба на стоки и услуги преку интернет (интернет трговија) преку својата интернет страна malenacosmetics.com.mk согласно со позитивно правните прописи на Република Македонија, од една страна, и лицата кои пристапуваат на интернет продажното место на malenacosmetics.com.mk и ги користат нејзините услуги. Секој заемен однос помеѓу “Миком-98“ Кочани и посетителите и потрошувачите кој не е конкретно предвиден со ОУ ќе биде предмет на позитивните прописи на Република Македонија.
ЧЛЕН 2 ДЕФИНИЦИИ
Зборовите употребени во Овие Општи Услови ќе го имаат следново значење:
- malenacosmetics.com.mk – Интернет страна за интернет трговија во сопственост на “Миком-98“ и овозможува преглед и можност на купување на стоки и услуги понудени на интернет сајтот.
- Купувач – Секое физичко или правно лице кое се јавува во својство на купувач на производи и услуги од malenacosmetics.com.mk
- Посетител – Секое правно или физичко лице кое има намера да ги разгледува производите и услугите на malenacosmetics.com.mk без да сака да ги сподели своите приватни податоци.
- Кошничка – систем за меморирање и памтење на посакуваните продукти во која се складираат и се најавуваат на системот на наплата.
- Кон каса – систем за наплата на кој се најавуваат продуктите и услугите меморирани во кошничката каде ке можат клиентите да го изберат начинот на плаќање.
- Посакувано – систем за меморирање и памтење на посакуваните продукти во која се складираат продуктите и услугите без да се најавуваат на системот на наплата – не е достапно за посетителите!
ЧЛЕН 3 РЕГИСТРАЦИЈА НА КУПУВАЧ
Како КУПУВАЧ на производи и услуги од Веб продавниците може да се јави:
1.Секое деловно способно физичко лице, кое има валидна е-маил адреса. 2.Правно лице кое има валидна е-маил адреса. Со самата регистрација како Купувач и креирање на профил, КУПУВАЧОТ физичко лице потврдува дека: има наполнето 18 години, информациите кои ги има обезбедено при регистрацијата а кои се однесуваат на Името и Презимето, е-маил адреса кои ги користи се валидни во времето на регистрација и процесирање на нарачката. Со самата регистрација како КУПУВАЧ и креирање на профил, КУПУВАЧОТ правно лице потврдува дека: е легално регистрирано и постои согласно законите на матичната замја, информациите кои ги има обезбедено при регистрацијата а кои се однесуваат на називот и е-маил адреса кои ги користи се валидни во времето на регистрација и процесуирање на нарачката.
ЧЛЕН 4
- Плаќање онлајн со платежна картичка
КУПУВАЧИТЕ и ПОСЕТИТЕЛИТЕ кои пристапуваат кон користењето на сервисот за онлине плаќање треба да се сопственици на валидна платежна картичка која им е издадена на нивно име и кои го поседуваат оригиналот од картичката со која го реализираат купувањето. ПОСЕТИТЕЛОТ може да купува на страната на malenacosmetics.com.mk и на нашата страна ке се води како анонимен посетител ,но пред сервисите за плаќање ке мора да се идентификува и да ги внесе своите лични податоци – единствена разлика е тоа што за malenacosmetics.com.mk тој останува анонимен и интернет продавницата не е во можност да го извести за неговата нарачка. Со самото впишување на личните податоци и податоците за платежната картичка и потврда на нарачка од страна на КУПУВАЧОТ, истата ќе биде процесирана и трансакцијата ќе биде извршена. Податоците за платежната картичка ги обработува и единствено со нив располага системот на Банката овластен за e-commerce. По комплетирањето на нарачката КУПУВАЧОТ ќе добие e-mail порака која ќе содржи потврда дека нарачката на КУПУВАЧОТ е успешно извршена, КУПУВАЧОТ деталите за нарачката може да ги види преку својот профил.
- Преку Банка
КУПУВАЧОТ и ПОСЕТИТЕЛОТ на каса можат да одберат и плаќање преку банка, при што ке ја добијат сумата, сметката и целта на уплатата(шифра на нарачката). Испораката ке биде извршена по добивање на средствата на сметката на “Миком-98“. КУПУВАЧОТ правно лице до “Миком-98“ може да достави барање за издавање на профактура.Испораката ке се оствари по плаќање на издадената профактура.
- Плаќање при испорака (COD-Cash on Delivery)
Или пратка со откупнина –пратка за која КУПУВАЧОТ плаќа при приемот на пратката е достапен само за регистрираните купувачи кои имаат реализирано повеќе трансакции со платежна картичка или остварено повеќе уплати преку банка. Плаќањето при испорака функционира како привилегија достапна за верните купувачи.
ЧЛЕН 5
На производите и услугите на интернет страната malenacosmetics.com.mk е истакната продажната цена. Продажната цена е крајната цена на единица на некој производ или услуга или пак на дадената количина на производот, вклучувајќи го тука и данокот на додадена вредност и сите други јавни давачки. Наплатата секогаш се врши во денари. Доколку е одбрана опцијата цените да се прикажани во друга валута, податоците се само од информативен карактер, а наплатата останува во денари.
ЧЛЕН 6
При испорака на нарачка која содржи повеќе производи malenacosmetics.com.mkе долженa сите производи да ги амбалажира и испрати во една пратка.
malenacosmetics.com.mk е должена на купувачот да му ја предаде нарачката до вкупно предвидениот рок за испорака, согласно со одбраниот метод на испорака од страна на купувачот.
malenacosmetics.com.mk е обврзана нарачките да ги испорачува согласно со одбраниот метод на испорака од страна на Купувачите.
malenacosmetics.com.mk должен е да обезбеди потпишана потврда за прием, за идентитетот на примателот и за соодветноста и исправноста на доставените производи.
КУПУВАЧОТ е должен да се потпише на потврдата за прием при примање на пратката
malenacosmetics.com.mk мора да чува архива за сите нарачки и испораки направени во последните 3(три) години.
Купувачот превзема обврска дека примателот на нарачката ќе биде достапен на наведените адреса и телефонски број. Доколку обидот за испорака не успее, трошокот за повторна испорака го сноси купувачот, важи и за продуктите со бесплатна достава.
Купувачот треба да внесе целосна и точна адреса за испорака на пратката. За сите трошоци направени поради погрешно внесената адреса одговара Купувачот.
ЧЛЕН 7
Условите се подетално објаснети во Гаранции и рекламации.
ЧЛЕН 8
ЧЛЕН 9
УСЛОВИ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА КУПУВАЧИТЕ
ЧЛЕН 10
Секогаш со вас
“МИКОМ-98“