ЧПП – ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
КОЈА Е ПРЕДНОСТ ДОКОЛКУ КУПУВАМ ОНЛАЈН?
Милиони луѓе ширум светот секојдневно купуваат преку интернет. Бидејки онлајн купувањето (on-line shopping) Ви штеди пред се време и пари, наместо да лутате по разноразни дуќанчиња и да барате одреден продукт отсега ќе можете да го пронајдете и купите потребното од својот дом или од било каде доколку имате интернет пристап со Вашата платежна картичка. Производите кои сте ги нарачале преку нашата веб продавница на Ваше барање можат да се испорачаат до Вашиот дом, работа или онаму каде што сакате.
ДАЛИ НА ВАШАТА ВЕБ СТРАНИЦА МОЖАМ ДА ГО КУПАМ ОНА ШТО ГО ГЛЕДАМ?
Покрај тоа што ќе можете да ги погледнете, фотографиите, карактеристиките и цените на производите, истите можете да ги платите и да го добиете на адресата која ќе ја наведете. Начинот на плaќање е многу едноставен. По полнење на кошничката, купувачот може да избере дали ќе креира свое корисничко име и лозинка или ако веќе има креирано ќе се најави на нашата страница или пак наплатата ќе ја изврши анонимно.
ДАЛИ МОЖЕ ПРОДУКТОТ КОЈ МИ СЕ ДОПАГА ДА ГО КУПАМ ДИРЕКТНО ОД ВАШИТЕ ПРОСТОРИИ?
Нашите производи можете да ги купите исклучиво онлајн т.е. на нашата интернет продавница „МИКОМ-98“-malenasupplements.mk, а испораката може да биде на било која адреса, која вие ќе ја одберете
ДАЛИ ПРОИЗВОДИТЕ КОИ СЕ ПРОДАВААТ НА ВАШАТА ВЕБ СТРАНИЦА СЕ УПОТРЕБУВАНИ ИЛИ НОВИ?
Сите производи во е-продавницата на „МИКОМ-98“-malenasupplements.mk се нови, неотпакувани и неупотребувани.
ДАЛИ МОРАМ ДА ПЛАТАМ СО ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА?
Не. При процесот на плаќање ќе бидете запрашани да изберете начинн на плаќање каде на располагање ви стои опцијата за плаќање во банка, што значи дека сумата на порачката треба да ја уплатите на дадената сметка со општа уплатница во било која банка, пошта или пак е-банкинг систем. По легнување на уплатените средства на нашата сметка купената роба ќе ви биде испорачана на избраната адреса за достава.
ДАЛИ СИГУРНО ЌЕ МИ БИДЕ ИСПОРАЧАН ПРОИЗВОДОТ?
Да. Прегледајте ги Методи на испорака на нашата е-продавница, каде ќе најдете подетални информации за начинот и гаранциите за испорака.
ШТО ДОКОЛКУ ПРОИЗВОДОТ НЕ СООДВЕТСТВУВА СО ОПИСОТ?
Сите производи поставени за продажба во е-продавницата на „МИКОМ-98“-malenacosmetics.com.mk дескриптивно се опишани и објаснети со цел да се добијат најточни податоци за истите. Сепак, доколку производот кој сте го добиле не е во согласност со поставениот опис, истиот можете да го вратите и да го замените за друг или да побарате враќање на уплатените средства. Притоа, внимателно прегледате ja Политиката за враќање на производи.
ШТО ДОКОЛКУ ПРОИЗВОДОТ Е СО ФАБРИЧКИ НЕДОСТАТОК И ТОА ГО ЗАБЕЛЕЖАМ ДУРИ ОТКАКО ЌЕ ГО ОТПАКУВАМ?
Производите поседуваат гаранции кои ги покриваат фабричките недостатоци и доколку при сервис се воспостави дека производот е фабрички неисправен, истиот или ќе се поправи или ќе Ви се даде нов. Во нашата е-продавница важат сите одредби согласно Законот за заштита на потрошувачите и согласно тоа, Ве покануваме да ја погледнете нашата Политика за враќање на производи.
ЗА КОЛКУ ВРЕМЕ МОЖАМ ДА ОЧЕКУВАМ ОДГОВОР НА ПОСТАВЕНО ПРАШАЊЕ ДО MALENACOSMETICS.COM.MK?
Вообичаено одговараме во истиот момент кога е поставено прашањето. Сепак, зависно од информациите кои ги барате, за кои е потребно повеќе време, „МИКОМ-98“-malenacosmetics.com.mk е должен да одговори во рок од 24 часа. Доколку, сепак е потребно повеќе време од 24 часа да се обезбедат информации како одговор на поставеното прашање, претставник од „МИКОМ-98“-malenacosmetics.com.mk ќе Ве контактира со цел да Ве извести за ова.
ДАЛИ МОЖАМ ДА ДОБИЈАМ ПОПУСТ ЗА ОДРЕДЕНИ ПРОИЗВОДИ?
е-продавницата на „МИКОМ-98“-malenacosmetics.com.mk постојано има организирани акции или попусти на цени на одредени производи. Исто така, нашите редовни клиенти добиваат купонски код, со чие користење добиваат дополнителен попуст на производите купени од „МИКОМ-98“-malenacosmetics.com.mk
Секогаш со вас