ОПШТИ УСЛОВИ

ОПШТИ УСЛОВИ

ЗА ПРИСТАП И КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ НА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО ПОВРЗАНИ СО ЕЛЕКТРОНСКАТА ТРГОВИЈА НА СТРАНАТА НА MALENACOSMETICS.COM.MK.

ДЕФИНИЦИИ

Зборовите употребени во Овие Општи Услови ќе го имаат следново значење:

ОСПЕГ НА ПРИМЕНА


РЕГИСТРАЦИЈА НА КУПУВАЧИ

Како КУПУВАЧ на производи и услуги од Веб продавниците може да се јави:

КУПУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ

Посетителите на интернет страната malenacosmetics.com.mk можат да ги купуваат производите и услугите истакнати на интернет страната користејки ги следните методи на плаќање:

  • Плаќање онлајн со платежна картичка

КУПУВАЧИТЕ и ПОСЕТИТЕЛИТЕ кои пристапуваат кон користењето на сервисот за онлине плаќање треба да се сопственици на валидна платежна картичка која им е издадена на нивно име и кои го поседуваат оригиналот од картичката со која го реализираат купувањето. ПОСЕТИТЕЛОТ може да купува на страната на malenacosmetics.com.mk и на нашата страна ке се води како анонимен посетител ,но пред сервисите за плаќање ке мора да се идентификува и да ги внесе своите лични податоци – единствена разлика е тоа што за malenacosmetics.com.mk тој останува анонимен и интернет продавницата не е во можност да го извести за неговата нарачка. Со самото впишување на личните податоци и податоците за платежната картичка и потврда на нарачка од страна на КУПУВАЧОТ, истата ќе биде процесирана и трансакцијата ќе биде извршена. Податоците за платежната картичка ги обработува и единствено со нив располага системот на Банката овластен за e-commerce. По комплетирањето на нарачката КУПУВАЧОТ ќе добие e-mail порака која ќе содржи потврда дека нарачката на КУПУВАЧОТ е успешно извршена, КУПУВАЧОТ деталите за нарачката може да ги види преку својот профил.

  • Преку Банка

КУПУВАЧОТ и ПОСЕТИТЕЛОТ на каса можат да одберат и плаќање преку банка, при што ке ја добијат сумата, сметката и целта на уплатата(шифра на нарачката). Испораката ке биде извршена по добивање на средствата на сметката на “Миком-98“. КУПУВАЧОТ правно лице до “Миком-98“ може да достави барање за издавање на профактура.Испораката ке се оствари по плаќање на издадената профактура.

  • Плаќање при испорака (COD-Cash on Delivery)

Или пратка со откупнина –пратка за која КУПУВАЧОТ плаќа при приемот на пратката е достапен само за регистрираните купувачи кои имаат реализирано повеќе трансакции со платежна картичка или остварено повеќе уплати преку банка. Плаќањето при испорака функционира како привилегија достапна за верните купувачи.

ЦЕНА НА ПРОИЗВОДИТЕ И УСЛУГИТЕ

На производите и услугите на интернет страната malenacosmetics.com.mk е истакната продажната цена. Продажната цена е крајната цена на единица на некој производ или услуга или пак на дадената количина на производот, вклучувајќи го тука и данокот на додадена вредност и сите други јавни давачки. Наплатата секогаш се врши во денари. Доколку е одбрана опцијата цените да се прикажани во друга валута, податоците се само од информативен карактер, а наплатата останува во денари.

ИСПОРАКА

Доставата ке се врши преку специјализирани компании за испорака за што трошоците ке ги подмирува ПОТРОШУВАЧОТ. Одредени продукти можат да имаат т.н. Бесплатна достава (Free shiping). За продуктите за кои важи Бесплатна достава направените трошоци за достава паѓаат на товар на “Миком-98“. Продуктите за кои важи бесплатната достава ке бидат јасно обележани и означени како продукти со бесплатна достава. Во однос на испораката malenacosmetics.com.mk и купувачите треба да се придржуваат до следните правила:

При испорака на нарачка која содржи повеќе производи malenacosmetics.com.mkе долженa сите производи да ги амбалажира и испрати во една пратка.
malenacosmetics.com.mk е должена на купувачот да му ја предаде нарачката до вкупно предвидениот рок за испорака, согласно со одбраниот метод на испорака од страна на купувачот.
malenacosmetics.com.mk е обврзана нарачките да ги испорачува согласно со одбраниот метод на испорака од страна на Купувачите.
malenacosmetics.com.mk должен е да обезбеди потпишана потврда за прием, за идентитетот на примателот и за соодветноста и исправноста на доставените производи.
КУПУВАЧОТ е должен да се потпише на потврдата за прием при примање на пратката
malenacosmetics.com.mk мора да чува архива за сите нарачки и испораки направени во последните 3(три) години.
Купувачот превзема обврска дека примателот на нарачката ќе биде достапен на наведените адреса и телефонски број. Доколку обидот за испорака не успее, трошокот за повторна испорака го сноси купувачот, важи и за продуктите со бесплатна достава.
Купувачот треба да внесе целосна и точна адреса за испорака на пратката. За сите трошоци направени поради погрешно внесената адреса одговара Купувачот.

ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОД

КУПУВАЧОТ може да го врати производот без да ја наведе причината за таквата негова постапка во рок од 7 работни дена од денот на прием на производот. Во тој случај средствата кои ги платил ќе му бидат вратени намалени за трошоците за првичната испорака. Вратениот производ и пакувањето мора да бидат 100% во оригинална неоштетена состојба. Трошокот за испорака на вратениот производ назад до malenacosmetics.com.mk е на сметка на Купувачот.

ИЗМЕНА НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ

Овие Општи Услови може да бидат изменети од наша страна доколку тоа го налагаат условите на пазарот или позитивните законски прописи. Дополнувањата или измените на овие општи услови ќе бидат јавно објавени и ќе бидат достапни на вообичаен и пристапен начин. Изменетиот текст на Општите Услови ќе биде достапен на Веб страната malenacosmetics.com.mk