Нарачување
Не. Можете да нарачате како гостин — доволни се име, телефон, е-пошта и адреса за достава.
Профилот сепак е практичен: ги гледате сите свои нарачки на едно место, адресите се зачувани и следниот пат нарачувате за неколку секунди.
По завршување на нарачката веднаш го добивате нејзиниот број на екранот. Тој број е вашата потврда — запишете го или сликајте го.
Со него, во секој момент можете да ја проверите состојбата на страницата за следење. Ако нешто со нарачката не е јасно, ве контактираме на телефонот што сте го оставиле.
Може, сè додека пратката не е предадена на курирот. Јавете се што побрзо на +389 74 606 504 со бројот на нарачката. Ако пратката веќе тргнала, важат условите од страницата Враќање и рекламации.
Да. Сите производи се нови, запечатени и неупотребувани. Malena е нашиот бренд; производите од други брендови (на пример фарбите за коса) се набавени од нивните официјални добавувачи. Составот е наведен на пакувањето на секој производ.
На страницата на секој кармин, молив или лак ги гледате сите нијанси од линијата како кругчиња во боја. За фон, коректор и молив за веѓи пробајте го нашиот водич за нијанса — четири прашања и добивате предлог.
Ако и понатаму не сте сигурни, пишете ни или јавете се — со задоволство ќе ви препорачаме.
Боите на страницата се прочитани од фотографиите на производите, но секој екран ги прикажува малку поинаку, а и на кожата бојата изгледа различно. Земете ги како водич; кај тенот (фон, коректор, пудра) боите се приближни.
Постојано имаме акции и намалени цени на дел од асортиманот — тие производи се означени со црвена ознака за попуст и се собрани во категоријата Промоции. Следете нè на Instagram за најновите понуди.
Плаќање
При испорака — во готово, на курирот, кога ќе ја примите и прегледате пратката. Не ви треба картичка ни сметка.
Секогаш во денари, со вклучен ДДВ. Цената што ја гледате е крајната цена — нема скриени трошоци што се појавуваат на крајот.
Достава
160 ден низ цела Македонија, а за нарачки над 1.000 ден доставата е бесплатна. Точната цена ја гледате во кошничката пред да платите. Повеќе на страницата Испорака и достава.
Обично 1 – 3 работни дена. Нарачките примени до 15:00 часот ги обработуваме истиот работен ден; тие направени во петок попладне и преку викендот се обработуваат во понеделник.
Секоја пратка добива број за следење. Внесете го бројот на нарачката на страницата за следење и веднаш ја гледате моменталната состојба, директно од курирската служба.
Курирот ве контактира по телефон пред достава. Ако не сте достапни, прави повторен обид следниот работен ден. Затоа внесете број на кој навистина сте достапни — трошокот за повторна испорака поради недостапен примач е на товар на купувачот.
По приемот на пратката
Јавете ни се во рок од 24 часа од приемот. Ако производот не одговара на тоа што е прикажано на страницата, имате право на бесплатна замена или враќање на парите, по ваш избор. Постапката е опишана чекор по чекор на страницата Враќање и рекламации.
Може. Неотворен производ во оригиналното пакување можете да го вратите во рок од 14 дена од приемот, без да наведувате причина. Трошокот за испраќање назад го плаќате вие, а ние ви ги враќаме парите за производот — а ако ја враќате целата нарачка, и доставата што сте ја платиле.
Отворен или пробан производ не може да се врати поради предомислување: козметиката е запечатена заради здравје и хигиена и, откако заштитата ќе се отвори, не смее повторно да се продаде.
Пред да ја подигнете пратката, уште е поедноставно: одбијте го преземањето кај курирот или не подигнувајте ја од карго центарот — пратката се враќа кај нас, нарачката се затвора и не плаќате ништо. Повеќе на Враќање и рекламации.
Пријавете ни во рок од 24 часа од приемот на +389 74 606 504 или на malenacosmetics@gmail.com, со фотографија. Добивате бесплатна замена или враќање на парите, по ваш избор, а трошоците ги сносиме ние. Ако кутијата е видливо оштетена уште при доставата, најдобро е да не ја примите пратката.
Најчесто веднаш, во текот на работното време (Понеделник – Петок, 08:00 – 16:00; Сабота, 10:00 – 14:00). Ако прашањето бара проверка, одговараме најдоцна во рок од 24 часа.
Профил и соработка
На страницата за нова лозинка внесете ја е-поштата со која е отворен профилот — ќе ви стигне врска со која сами поставувате нова лозинка (важи 1 час). Ако е-поштата не стигне, јавете се на +389 74 606 504. Во меѓувреме можете да нарачате и како гостин, без најава.
Јавете се на +389 74 606 504 или пишете ни преку формата за контакт со тема „Соработка“ и ќе се договориме за условите.
Најавете се и отворете го вашиот профил — таму ги менувате адресата, телефонот и е-поштата. Ако нешто не можете да смените сами, пишете ни на malenacosmetics@gmail.com.
