Опис
MALENA MATTE LIPSTICK
MALENA Matte Lipstick е мат кармин во форма на молив кој се острe со козметичка острилка. Форматот овозможува висока прецизност при апликација и лесно дефинирање на контурата на усните.
Формулата е кремаста при нанесување, а по апликацијата се фиксира во интензивен мат финиш. Обезбедува рамномерна покривност, силна пигментација и стабилност без разлевање.
Клучни карактеристики:
-
Мат финиш
-
Формат на молив (се острe со острилка)
-
Прецизна апликација и дефиниција
-
Висока пигментација
-
Удобна текстура при нанесување
Нијанса 605
Нијансата 605 е пригушена mauve-розева боја со ладен подтон и суптилна кафеава нијанса. Елегантна и модерна, оваа боја дава софистициран мат изглед без преголема нагласеност.
Verа –
Одличен кармин, долго трае, нијансите се вклопуваат во бојата на устата и ако почне да се брише после јадење, не се приметува.
Само ме интересира дали моливот се остри? Гледам дека има и острилка за овој вид на кармин, дали треба да ја купам таа?
sasko –
Ви благодариме на довербата. Да се острат моливите со острилка.